1. Првата половина од патот еден велосипедист ја минува со брзина V1= 20km/h. Три четвртини од останатиот пат го минува со брзина V2=15km/h, а остатокот со брзина V3=10km/h. Колкава е средната брзина со која велосипедистот го поминал целиот пат?
2. Атлетичар на тренинг трчал кон врвот на ридот со брзина 12km/h, а надолу по истата патека со брзина 16km/h. Колкава е средната брзина со која атлетичарот ја претрчал целата патека?
3. Патнички и брз воз се движат по паралелни пруги во иста насока. Патничкиот воз долг 200m се движи со брзина 54km/h , а брзиот со должина 150 m , се движи со брзина 20 m/s . За колку време брзиот воз ќе го претекне патничкиот?
4. Растојанието меѓу две тела кои се движат рамномерно по ист правец спротивни насоки се намалува за 16m за време од 10ѕ, а ако се движат во иста насока со исти брзини како и во претходниот случај, растојанието им се зголемува за 6m. Со колкави брзини се движат телата?
5. Патнички воз долг 100m и товарен воз долг 200m , кои се на растојание 2km еден од друг, се движат рамномерно праволиниски по паралелни пруги. Кога се движат во иста насока , патничкиот воз го претекнува товарниот за 460ѕ, а кога се движат во спротивна насока со исти брзини се разминуваат за 92 ѕ . Со колкави средни брзини се движат возовите?
6. Еден патник тргнал од своето село кон железничката станица . По еден час одење тој поминал 3km и заклучил дека ќе задоцни за возот 40 минути ако продолжи да се движи со истата брзина. Затоа другиот дел од патот го минал со брзина 4km/h и така стасал 45 минути пред поаѓањето на возот. Колку е оддалечено селото од железничката станица?
Wednesday, March 2, 2011
Thursday, February 24, 2011
Електромотори, генератори
1. Лифт со маса 1t се искачува на висина од 16m за време од 0,5min. Моторот работи на напон од 22оV. Ако коефициентот на полезно дејство е 90% да се пресмета:
а) Потрошената енергија за едно искачување ( пробај на крај резултатот да го изразиш во kWh)
б) Моќноста на моторот ( изразија во kW)
в) Јачината на струјата во моторот
2. Во градежништвото за искачување на градежен материјал, при градење на повеќекатници се користи дигалка. Да се пресмета:
а)Колкава работа ќе се изврши за подигање на товар од 1,5t на височина од 12m
б)Колкава е потрошената ел.енергија за извршување на оваа работа
в) Колкава е моќноста на електромоторот, ако подигнувањето на овој товар се врши за 30s?
3. Електрична локомотива ја движат 6 електромотори за еднонасочна струја од по 400kW. Да се определи јачината ма струјата низ моторите, ако тие се сврзани сериски и се приклучени на напон од 3kV и ако работат со 40% од својата моќност!
4. Електрична дигалка вклучена е на напон од 220V. При јачина на струјата од 10А за 1 час и 20 мин подигнува товар 26t на висина од 30m. Да се определи :
а) моќноста на струјата
б)коефициентот на полезно дејство
в) губитокот на моќноста
5. Електромоторите на трамвајот работат при напон од 550V и јачина на ел. струја од 112А. Со колкава брзина ќе се движи трамвајот, ако електромоторите дејствуваат со влечна сила од 3600N? Коефициентот на полезно дејство на електромоторите е 70%

Wednesday, February 23, 2011
Електрична работа, моќност,енергија, Џулов закон
1. Во ел. печка со отпор на спиралата од 10 Ω, се загреваат 10 kg челични шипки со почетна температура од 0˚С . До која температура ќе се загреат шипките за 20 min ? Печката е вклучена на напон од 220V, а коефициентот на полезно дејство е 30% . Специфичниот топлински капацитет на челикот е 4600 J/kgK.
2. При нормален атмосферски притисок во ел. лонец 1l вода се зоврива за 15min. Почетната температура на водата е 20˚С. Отпорната спирала во лонецот е вклучена на напон од 220V и низ неа тече струја со јачина 3А. Пресметај кој дел од електричната енергија се користи за загревање на водата!
3. Со помош на ел. грејач, составен од два еднакви дела, треба да се загреат 2 l вода од 20˚С до 100˚С . Секој дел од грејачот приклучен на градска мрежа има моќност од Р=250W. За колку време ќе се загрее водата, ако се приклучи:
а) Само еден дел од грејачот
б) Двата дела од грејачот сврзани сериски
в) Двата дела од грејачот сврзани паралелно
Коефициентот на полезно дејство на грејачот е 80% . Специфичниот топлински капацитет на водата е с=4190J/kgK
4. Одредено количество вода во калориметар се загрева со два греачи. ако се вклучи само едниот греач водата зоврива за 30min , а ако се вклучи само вториот греач водата почнува да врие по 60min. Да се пресмета за кое време ќе почне да врие водата ако истовремено се вклучат двата греачи:
а) Паралелно
б) Сериски
5. Ел. лонец има два греачи. При вклучување на едниот од нив водата зоврива за 15min , а при вклучување на другиот за 30 min. За колку време ќе зоврие водата, ако обата греачи ги поврземе:
а) Сериски
б) Паралелно
6. Секое утро се вари исто количество чај со вода од водовод со иста температура во ист чајник. Чајникот се загрева со два греачи со отпори 100Ω и 150Ω . Кога греачите се сврзани сериски времето потребно да зоврие водата е 10min.
а) Колку време ќе биде потребно да зоврие водата ако греачите се поврзат паралелно?
б) Колкаво количество супа можеме да загрееме од 0˚С до 30˚С со количеството топлина добиено под а), ако греачите се поврзани на напон од 220V? Специфичниот топлински капацитет на супата е 4000J/kgK. Губитоците на топлина да се занемарат.
7. Со ел. греач со моќност од 0,5kW се загрева вода со маса 4,5kg од 23˚С до температура на вриење за 1 час. Колкав е коефициентот на полезно дејство?
8. Три паралелно сврзани отпорници се со еднаков отпор од 240Ω за изворот на електричен напон од 110 V се сврзани преку отпорник Rx кој е направенод проводник со должина од 100m и напречен пресек од 1,5 mm2. Специфичниот електричен отпор на материјалот е 0,45∙10-6Ωm. Да се пресмета јачината на електричната струја во гранките и во неразгранетиот дел од струјниот круг прикажан на сликата.

Friday, February 11, 2011
Задачи од електричен отпор

1. Отпорниците R1=R2=6Ω и R3=12Ω се поврзани како на сликата. Колкави се јачините на струите што ги покажуваат амперметрите A1 , A2 , A3 , ако напонот на изворот е 21 V ?

2. На сликата е прикажан дел од електрично струјно коло во кое се поврзани отпорниците :
R1= 2Ω, R2 =4Ω, R3 =3Ω, R4 =7Ω и R5 =18Ω. Колкав е вкупниот отпор на тој дел од колото ако напонот е донесен меѓу точките А и В ?
3.Пресметај го вкупниот отпор ако :R1 =2Ω, R2 =2Ω, R3 = 4Ω, R4 = 2Ω
3.Пресметај го вкупниот отпор ако :R1 =2Ω, R2 =2Ω, R3 = 4Ω, R4 = 2Ω
4. Бакарен проводник со напречен пресек од 2 mm2 и маса 0,5kg е вклучен во ел. струен круг низ кој тече струја со јачина од 8 А. Напонот на краевите на проводникот е 2V. Да се определи специфичниот отпор на бакарот. Густината на бакарот е 8900kg/m3 .
5. Во ел. струен круг е врзана железна жица долга 160 m и напречен пресек од 0,4mm2 . Таа дава отпор од 40Ω. Ако таа се замени со жица од константан со иста должина, а со 2 пати поголем напречен пресек и 5 пати поголем специфичен електричен отпор, ќе го дава истиот отпор во струјниот круг. Да се пресмета:
а) Специфичниот ел. отпор на железото;
б)Специфичниот ел. отпор на константанот;
в) Должината на жицата од константан.

Subscribe to:
Comments (Atom)