1. Првата половина од патот еден велосипедист ја минува со брзина V1= 20km/h. Три четвртини од останатиот пат го минува со брзина V2=15km/h, а остатокот со брзина V3=10km/h. Колкава е средната брзина со која велосипедистот го поминал целиот пат?
2. Атлетичар на тренинг трчал кон врвот на ридот со брзина 12km/h, а надолу по истата патека со брзина 16km/h. Колкава е средната брзина со која атлетичарот ја претрчал целата патека?
3. Патнички и брз воз се движат по паралелни пруги во иста насока. Патничкиот воз долг 200m се движи со брзина 54km/h , а брзиот со должина 150 m , се движи со брзина 20 m/s . За колку време брзиот воз ќе го претекне патничкиот?
4. Растојанието меѓу две тела кои се движат рамномерно по ист правец спротивни насоки се намалува за 16m за време од 10ѕ, а ако се движат во иста насока со исти брзини како и во претходниот случај, растојанието им се зголемува за 6m. Со колкави брзини се движат телата?
5. Патнички воз долг 100m и товарен воз долг 200m , кои се на растојание 2km еден од друг, се движат рамномерно праволиниски по паралелни пруги. Кога се движат во иста насока , патничкиот воз го претекнува товарниот за 460ѕ, а кога се движат во спротивна насока со исти брзини се разминуваат за 92 ѕ . Со колкави средни брзини се движат возовите?
6. Еден патник тргнал од своето село кон железничката станица . По еден час одење тој поминал 3km и заклучил дека ќе задоцни за возот 40 минути ако продолжи да се движи со истата брзина. Затоа другиот дел од патот го минал со брзина 4km/h и така стасал 45 минути пред поаѓањето на возот. Колку е оддалечено селото од железничката станица?
No comments:
Post a Comment